Introduction » Хоби » Завршен восок-транспарентен Pentart 125 ml
Овој мек восок има конзистентност на паста и се користи за да ги заштити дрвените површини, како мебелот, било да се фарбани или не. Повrшината третирана со овој восок не е отпорна на гребнатини или вода, па затоа не може да се користи за предмети кои се во постојана употреба.
Нанесете го на чиста површина во тенок слој со мека памучна крпа или четка со сунѓер со кружни потези. Вишокот отстранете го со мека крпа. Можете да го оставите така да се исуши и површината да биде свиленкасто сјајна но ако сакате предметот да го доведете до висок сјај, после сушењето продолжете да го бришете.