АКЦИЈА
Introduction » Маркери и фломастери
Фломастери на база на алкохол - дали сте ја пробале оваа новост од светот на уметноста?
За дизајнерите, графичарите, сликарите и архитектите фломастерите се неопходен алат. Некогаш биле едноставно и помалку досадно средство за цртање, кое остава интензивен траг на изедначена боја и дебелина. Меѓутоа, денес постојат различни видови со кои може да се постигнат интересни ефекти и како резултат да добиете уникатни дела.
Маркери за текстил
Едноставната и прецизна употреба ги прави совршени за експериментирање со парчиња облека, чанти, навлаки за перници па дури и на платена облека. Маркерите за текстил во себе содржат боја за текстил и многу едноставно ќе обоите со нив на памучна или мешовита ткаенина она што го сакате, а потоа треба и да препеглате за бојата да остане трајна и отпорна на перење.
Фломастери на алкохолна база
Овие сјајни фломастери на алкохолна база се релативно свежа појава на пазарот и денес се основен прибор на сите дизајнери и илустратори. Ги издвојува можноста да нијансирате и директно на хартија да „мешате“ бои добивајќи нови и уникатни нијанси, но доколку не сте ги виделе на дела сигурно и не верувате. Мана може да им биде, на прв поглед високата цена, но откако ќе се заљубите во нив ќе сфатите дека тоа е во ред. За сега ги имаат само најценетите произведувачи на сликарски прибор кои се со врвен квалитет и траење.
Акрилни маркери
Нивната главна одлика е можноста да ги користите на скоро сите површини. Исто како и акрилните бои така и трагата која ја оставаат акрилните маркери е водоотпорна по сушењето. Хартија, сликарско платно, дрвени површини, стакло, метал, пластика… на што и да посакате. Акрилниот лак ќе биде решение доколку сакате да ја осигурате нивната трајност.
Акварел маркери
Основата им е на принцип на акварелни бои, со идеја за разлевање на боите и добивање нови нијанси на самата хартија. Меѓутоа, има многу начини за нивната употреба и ефекти кои со нив може да се добијат. Сите имаат карактеристичен облик на врвот, има четки за акварел или калиграфија, така да се совршен алат и за пишување.
Повеќе корисни информации за маркерите и за фломастерите ќе пронајдете на нашиот блог.