Со користење на нашата страница ги прифаќаш СИТЕ колачиња да се превземаат од страна на твојот пребарувач и уред.

Menu

 
Reels Image

Рекламации
Рекламации

 

Се трудиме секогаш сè да биде во најдобар ред, да ви стигне сè во најкус можен рок, сè што сте нарачале да биде во пакетот и да биде убаво спакувано, за да стигне неоштетено и во совршена состојба. Но, понекогаш се случуваат грешки - луѓе сме! Поради тоа подготвени сме да ги исправиме сите грешки, така што вие ќе бидете задоволни со соработката со нас и покрај нашите несовршености.

Беаз разлика дали грешката настанала од наша страна или сами сте ја направиле или пак производот не ви се допаѓа повеќе или веќе не ви е потребен - имаме разбирање, ќе се обидеме да направиме се што е во наша моќ за да бидете задоволни на крајот.

Иако постои добра волја од наша страна, сепак, Законот за заштита на потрошувачите е тој кој официјално служи за заштита на вашите права како клиент.

Според законот за заштита на потрошувачите, секој купувач има право на рекламација во рок од 2 години од датумот на купувањето. Рекламацијата може да се прифати или одбие, но секоја рекламација мора да биде спроведена.

Купувачот има право да ја замени или врати робата без причина во рок од 14 дена од денот на преземањето на истата, но за ова мора однапред да го извести продавачот. Доколку причината за замена е грешка на купувачот, во тој случај трошоците за транспорт од купувачот до продавачот ги сносува купувачот. Ако пак причината за замена е грешка на продавачот, тогаш трошоците за транспорт од купувачот до продавачот ги сносува продавачот. Ако купувачот од која било причина сака ја врати робата на продавачот, тогаш трошоците за транспорт од купувачот до продавачот се на сметка на купувачот.

На секое барање за рекламација законски мора да се одговори во рок од 8 дена, а рекламацијата мора да биде заклучена во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето за рекламација. Барањето за рекламација се поднесува писмено во слободна форма со опис на проблемот, на е-mail help@slikarskipribor.mk.

рекламација, замена, рефундација                             |                             help@artmie.mk

Нарачајте кај нас без страв!
Нашата цел е вашето задоволство!
Ако наидеме на некои препреки на патот кон целта - ќе ги пребродиме заедно!

Уживајте во удобен и безбеден шопинг!

 

 

Доколку сакате да дознаете повеќе за законските одредби и вашите права како потрошувач, повеќе може да погледнете на линкот ОВДЕ.
Законските одредби во врска со рекламациите може да се најдат во член 42 и член 43, како и во член 46.

Инструкции како да нацртате фигура

25.06.2023

Цртањето на човечката фигура е нешто што навистина може да ги мачи дури и професионалните сликари. Сепак,...

Вашиот водич за техниката Pouring art

19.06.2023

Има нешто магично во истурањето боја. Тоа е како да правите некаква алхемиска напивка, па не е чудно...

Направете сами - украсни свеќи со растенија

18.06.2023

Свеќите се едноставна и непретенциозна декорација која може да го направи секој ентериер пријатен. Сепак,...

Цртеж со молив - совети за почетници и напредни

16.06.2023

Цртежот е еден од најосновните начини за вежбање на вашата креативност. Без разлика дали користите молив,...


Created by the system www.fast-webshop.com

MDY2MDQ0ZW
Популарни производи
Во износ: 0
Сите во кошот
Почестете се со креативно изненадување
{IMAGE}
{NAME}
На залиха Број: {NUMBER} Цената: {PRICE} мкд
-
1
+
Додај во кошница
{SECOND_IMAGE}
{SECOND_NAME}
На залиха Број: {SECOND_NUMBER} Цената: {SECOND_PRICE} мкд
-
1
+
Додај во кошница