Цртеж со молив - совети за почетници и напредни
16.06.2023
Цртежот е еден од најосновните начини за вежбање на вашата креативност. Без разлика дали користите молив,...
Introduction » Подготовка за сликање » Трансфер медиум Lefranc & Bourgeois - 75 ml
Трансфер медиум Lefranc & Bourgeois - 75 ml
Францускиот бренд Lefranc & Bourgeois Ви го претставува фантастичниот трансфер медиум кој со кој можете да го пренесете било кој мотив на било која површина! Овој медиум Ви отвара нови можности за декорирање на различни површини како што се дрво, хартија, платно, керамика, метал, стакло, ткаенина ( само оние кои се перат рачно ) и свеќи. Со него е лесно да се пренесат на површината слики отпечатени со ласерски печатач, статии од весници и слики. Медиумот е во млечно бела боја и е полу -течен. Пакуван е во шише со количина од 75 ml.
Карактеристики:
Употреба:
За почеток заштите ја работната површина со мушама или хартија. Изберете слика која сакате да ја пренесете - може да биде црно-бела или во боја. Доколку ја печатите користете ласерски печатач. Исечете ја сликата, но оставете маргина од 1 см на секоја страна. Со рамна широка четка нанесете од медиумот на едната страна на сликата. Оставете да се исуши ( можете да користите фен, но држете го на 2 см од површината и после сушењето оставете сликата да се излади барем 5 минути). Повторете ја процедурата уште 3 пати, така што да имате 4 слоја. Оставете го последниот слој да се исуши 15 минути, па исечете ги маргините. Потопете во топла вода 30 минути. Сликата поставете ја обратно на рамна, невпивачка површина и нежно отстранете го остатокот од мократа хартија. Бидете внимателни да не го оштетите пластичниот филм. Може да биде малку тешко да ја отстраните картијата од поголема површина - во овој случај користете ја грубата страна на сунѓерот за садови и често и обилно наводнете наквасете ја површината. Кога во потполност ќе ја отстраните хартијата, можете да го свртите пластичниот филм - трансферот е завршен. Исушете го филмот на рамна површина. Овој филм можете да го залепите на било која површина користејќи го истиот медиум: дрво, веќе обоен предмет, картон, стиропор... Мазните површини ( пластика, стакло, метал) мораат да се подготват со транспарентен лак или акрилна боја за да може трансферот сигурно да се залепи. За да избегнете појава на меурчиња во текот на лепењето, порамнувајте ја површината со прстите или со тврд валјак. Оставете да се исуши пред да работите со предметот.
25.06.2023
Цртањето на човечката фигура е нешто што навистина може да ги мачи дури и професионалните сликари. Сепак,...
19.06.2023
Има нешто магично во истурањето боја. Тоа е како да правите некаква алхемиска напивка, па не е чудно...
18.06.2023
Свеќите се едноставна и непретенциозна декорација која може да го направи секој ентериер пријатен. Сепак,...
16.06.2023
Цртежот е еден од најосновните начини за вежбање на вашата креативност. Без разлика дали користите молив,...
Created by the system www.fast-webshop.com