Цртеж со молив - совети за почетници и напредни
16.06.2023
Цртежот е еден од најосновните начини за вежбање на вашата креативност. Без разлика дали користите молив,...
Introduction » Подготовка за сликање » Медиум за cracke ефект DARWI - 250 ml
Darwi медиумот за crackle ефект е транспарентен и разредлив со вода. Во комбинација со акрилна боја создава пукнатини, т.н патина- изглед на стара, напукана боја. Дебелината на нанесенито слој влијае на големината на пукнатината - дебел слој ќе создаде поголема пукнатина. Погоден е за следните површини: хартија, картон, дрво, полистирен, стакло, камен и многу други. Направете си оригинално поштенско сандаче или врата! Потребна Ви е само малку фантазија и мебел, вазна или рамка за да направите уметничко дело. Медиумот може да се користи и во декупаж техниката. Нанесете го со четка која после користењето веднаш ќе ја измиете со топла вода. Достапна количина: 100ml и 250ml. Боцата треба да ја протресете пред употреба.
Употреба:
Можете но и не морате да нанесете основен слој на бела боја ( во зависност од тоа која боја ја сакате како подлога за пукнатините и дали го кобинирате cracke ефектот со декупаж техниката). Ако одлучите прво да нанесете слој бела боја, морате да почекате да се исуши 100 % (можете да користите фен за да го забрзете процесот). Потоа нанесете од медиумот со четка. Од Вас зависи дали пукнатините ќе бидат помали или поголеми но важи правилото подебел слој= поголема пукнатина. Кога медиумот ќе се исуши ( времето зависи од дебелината на слоевите ). Декорацијата можете да ја завршите со акрилна боја или на површината да залепите салфетка ( декупаж). Ако сте избрале декупаж, се препорачува да ја обоите површината со темна боја пред да го нанесете медиумот, а откако ќе го нанесете медиумот да користите светла боја. Тоа ќе овозможи пукнатините да останат видливи и преку салветата.
Наш совет: Уште еден начин за да добиете поизразени пукнатини е да го нанесте медиумот во една насока а акрилната боја над него во друга насока.
25.06.2023
Цртањето на човечката фигура е нешто што навистина може да ги мачи дури и професионалните сликари. Сепак,...
19.06.2023
Има нешто магично во истурањето боја. Тоа е како да правите некаква алхемиска напивка, па не е чудно...
18.06.2023
Свеќите се едноставна и непретенциозна декорација која може да го направи секој ентериер пријатен. Сепак,...
16.06.2023
Цртежот е еден од најосновните начини за вежбање на вашата креативност. Без разлика дали користите молив,...
Created by the system www.fast-webshop.com