BLOG

 

► Пазарувањето со нас вреди! Исто така можете да уживате и во Вашата награда од претходната нарачка.

Само сега можете да искористите и попуст за лојалност од 300 МКД доколку си одберете од Вашите омилени уметнички производи во вредност од минимум 4000 МКД.

Освен тоа имаме бесплатна достава за нарачки одI 3 500 мкд Специјалниот код за попуст ►EXTRA5◄ е валиден само за 48часа

(внесете го во полето"discount voucher" при првиот чекор од нарачката).

Колку повеќе нарачки, толку повеќе бенефиции!


6 Техники со Помош на Кои Вашите Велигденски Јајца ќе Бидат Уникатни

Сигурно постојат безброј причини да се радуваме на велигденските денови кои доаѓаат, а за креативците и децата главна причина без сомнение е украсувањето на јајцата. Традицијата налага бојадисувањето на јајцата да биде во црвена боја, но со тек на времето ги додадовме сите бои. Покрај класичното бојадисување со прехрамбени бои, овде е и бојадисувањето со лушпи од кромид и други слични природни техники кои ги научивме од нашите баби.

 

 

Се разбира овде се и различните техники кои можеме да ги позајмиме од сликарството и другите хоби техники со цел да бидеме оригинални. Замислете дека јајцата кои сакате да ги обоите (било да се варени, дрвени или од стиропор) се ваше минијатурно овално платно, и ќе видите дека можностите за креативно декорирање на јајцата се бескрајни. Пред Вас се шест техники со кои можете да ги украсете своите велигденски јајца така што нема да бидат како ниедни други.

Декупаж

Едноставната техника на украсување на мебел, садови или останати предмети со помош на лепило и салфети може да се примени и при украсувањето за Велигден. Оваа техника можете да ја користите на дрвени јајца, јајца од стиропор, но и на варените јајца но исклучиво само ако планирате да ги користите како украс, бидејќи лушпата на јајцето е порозна што значи дека не треба да се јаде јајцето кое е третирано со хемикалии. Па дури и доколку никогаш порано не се работеле со декупаж, малата површина на јајцето е совршена за прв пат, а со сигурност нема да ја примените оваа техника само на едно јајце, па така, додека ги декорирате сите кои сакате, ќе станете стручнак.

 

 

Освен јајца потребни ќе ви бидат и лак и лепило за декупаж и се разбира хартија со која ќе ја декорирате површината. Најдобро е, особено ако прв пат се занимавате со оваа техника, тоа да бидат салфетите со украсни мотиви. Ќе ви биде потребна и помала четка за сликање со која ќе го нанесувате лепакот за декупаж. Пред да почнете, одвојте го третиот слој од салфетата бидејќи само него ќе го лепите, а потоа исечете го мотивот кој го сакате како декорација. Имајте на ум дека мотивите треба да бидат што помалку бидејќи јајцата немаат голема површина.

 

 

Пред да го залепите мотивот, доколку работите на варени јајца, површината треба задолжително да биде сува и чиста, а доколку станува збор за јајца од стиропор или дрвени јајца, истријте ја површината за да биде мазна и рамна. Мотивот поставете го таму каде што сакате да го залепите, а потоа нанесте малку лепак на четката и полека преминете по површината лепејќи постепено. После тоа оставете лепакот да се исуши. Кога ќе бидете задоволни со нанесените мотиви и откако мотивите ќе се исушат, можете да преминете по целата површина уште еднаш со лепакот кој сега ќе има улога на заштитен лак.

Водени бои

Овој начин на декорација е идеален ако сакате да се чувстувате како вистински уметник. Варените јајца во овој случај ќе бидат најдобра подлога, само што подоцна нема да бидат за јадење. Површината на јајцата мора да биде чиста а на Вас е дали сакате да биде мокра или сува. Доколку јајцето е навлажнето ќе добиете посебен ефект додека сликате со водените бои, само нанесете ги боите во подебел слој и гледајте како се мешаат. Боите можете да ги нанесувате со сликарска четка и тоа со округла четка за најдобри резултати. Со оглед на тоа дека површината на која ќе сликате не е воопшто голема, и четката треба да биде со помала големина. Освен класичните водени бои, можете да користите и акварел боици со кои лесно можете да нацртате прецизни линии, но морате да бидете внимателни и да не притискате многу за да не се скрши лушпата.

 

 

Многу интересен ефект од водените бои можете да добиете и со помош на проѕирна фолија која веројатно ја имате во својот дом. Згужвајте ја и со нејзина помош размачкајте ги нанесените слоеви на водените бои. Боите на некое место потполно ќе се избришат, а на други делови ќе ги има многу повеќе.

Мермерен ефект

За овој ефект ќе ви бидат потребни посебен вид на бои кои баш така и се викаат – Бои за мермерен ефект (Magic Marble) и најдобро е овие бои да ги примените на јајца од стиропор со оглед на тоа дека нив можете да ги ставите на врв од дрвено стапче (мало подебело и подолго од чепкалка за заби, нешто како стапчињата што се користат за скара), што е особено битно за успешна реализација.

 

 

Доколку се одлучите за варени јајца, имајте на ум дека нема да можете да ги послужите на трпезата, нивната функција ќе биде само декоративна. Ако работите на јајца од стиропор, ќе имате оригинален украс кој може да трае и до следната година, а вие овие бои можете да ги искорисите и за декорација на други предмети.

 

 

Почнете така што во пластичен сад ќе ставите вода. Потоа на нејзината површина додадете неколки капки боја за мермерен ефект во нијанса која вие ќе ја изберете. Секој пат додадете нова боја така што ќе капнете во средината на претходната. Кога ќе додадете доволно нијанси можете да направите специфичен облик така што низ нив полека, повеќе пати ќе поминете со дрвено стапче, правејќи кружни или полу-кружни потези. Кога ќе бидете задоволни од тоа како моделот изгледа, јајцето ставено на дрвено стапче полека натопете го во обоената површина на водата се додека не го потопите целосно а потоа со брз потег извлечете го. Потребно е 15-30 минути овие бои да се исушат, а ефектот кој го создаваат е преубав и дефинитивно неповторлив.

Ефект на школска табла

Можеби веќе сте слушнале за бојата со која можете да прекриете дрво, платно или хартија и така да добиете површина по која можете да пишувате со креда и потоа да избришете. Можеби веќе со нив сте го прекриле ѕидот или сте ја украсиле вратата. Ако оваа боја ја примените и на велигденските декорации без сомнение ќе имате нешто што никој друг го нема. Бојата со ефект на школска табла постои во повеќе нијанси и можете да ја примените на дрвени, хартиени или јајца од стиропор. Варените јајца не се опција бидејќи првобитната идеја на овие бои е дека површината можете повторно да ја користите.

 

 

При примената на овие бои битно е површината да биде чиста и рамна, а доколку станува збор за дрво потребно е задолжително да ја истриете. Нанесете ја бојата со широка четка за да може рамномерно да се распореди. Откако првиот слој ќе се исуши, можете да нанесте уште еднаш ако сакате појака нијанса. Вака обоените јајца ќе бидат интересни сами по себе, а откако ќе се исушат можете, заедно со креда, да им ги дадете на децата кои можат да ги украсат со различни шари и шаблони, колку пати и да сакаат, се додека не бидат задоволни.

Шари со помош на фломастери

Оваа е техника со која фантастични украси можат да направат дури и оние кои умеат да нацрат само обично човече од линии. Земете во рака варено, дрвено  јајце или јајце од стиропор, исчистете го и потполно исушете ја површината и со помош на фломастери со тенок врв, цртајте шари и шаблони поврзувајќи рамни и криви линии. Дадете им форма на линиите кои обично ги цртате додека зборувате по телефон и претворете ги во прекрасни и прецизни декорации по целата површина на јајцето. За уште поубав ефект можете овие шари да ги примените и на веќе обоените јајца. Освен што ќе имате прекрасни декорации за Велигден, според психолозите оваа техника смирува и ослободува од стрес.

 

 

Акварелни и акрилни маркери

Користењето на маркери относно фломастери со дебел врв кои се полнети со акрилни или водени бои исто така е одлично решение пред се за оние кои не се квалификувани или искусни во цртањето и сликањето. Користејки акварел маркери ќе имате подобра контрола на потезите, посебно на тркалезната површина на јајцето, а ќе добиете фантастични ефекти кои се многу слични со оние кои би ги добиле при користење на класичните водени бои. Овде и самата текстура на јајцето, кое може да биде варено, дрвено или од стиропор, ќе допринесе за конечниот изглед. Исто така, за конечниот ефект, како и кај водените бои, ќе допринесе и тоа дали површината е мокра или сува.

 

 

Aкрилните маркери се исто така погодини за прецизни потези и ќе ви го олеснат украсувањето ако немате претерано обучени раце. Како и акрилните бои со кои се полнети, можат да се применат на сите површини, така да повторно сите видови на јајца доаѓаат во предвид. Акрилните маркери се уште полесни за користење од акварелните бидејќи нема истекувања и можете да ги користите за формирање на елегантни украси како точки и геометриски облици. Овие маркери ќе ги пронајдете во металик, како сребрени и други необични нијанси што им дава предност во однос на сите останати техники.

 

 

Бонус

Додека без сомнение заедничката позитивна страна на сите горенаведени техники е нивната убавина и оригиналност, како и лесната примена, негативноста е тоа што за жал, ако се одлучиме да примениме било која од овие техники на варени јајца, подоцна нема да можеме да ги јадеме. Боите и останатите средства се преубави, но за жал не се за јадење, а лесно можат низ тенката лушпа на јајцето да дојдат до внатрешноста. За среќа, за декупаж постои многу едноставна замена за лепакот, која не само што може да се јаде туку е и хранлива - што значи дека нема да морате да се откажете од задоволството да освен во убавината на јајцата уживате и во нивниот вкус.

 

 

Ќе ви бидат потребни, се разбира, салфети како и кај декупажот кој се работи со помош на лепило, и со нив постапката ќе биде иста- ќе го одвоиме третиот слој од салфетата и ќе го исечеме мотивот кој сакаме да го залепиме. Главната и клучна разлика е во тоа што сега наместо лепак за декупаж, ќе користиме природен лепак - белка од јајце. Изматете ги белките добро, додека не се запенат, а потоа полека и постепено нанесувајте со четката на површината на јајцето, па на белката го поставувате мотивот од салфетата кој нежно со четката треба да се лепи на површината на јајцето. Оставете го да се исуши, а после тоа можете на јајцето да му додадете сјај така што со масло за јадење ќе поминете преку целата површина, но тоа не е неопходно доколку сте задоволни со мат - изгледот.

 

 

Празниците обично не зближуваат, доколку во обичните денови немаме доволно време едни за други. Без сомнение, тема на разговор на многу луѓе при овие собири ќе биде чии колачи се најуспешни и чии јајца се најубаво украсени. Ако примените некоја од овие техники, сигурно многу ќе заклучат дека вашите јајца се победници, а можеби и ќе сакате да им ги откриете своите тајни.


MGJhMTh