Introduction » Хоби » Decoupage - салветна техника » Лакови, лепаци и структура » Транспарентен полумат лак DARWI satinè - изберете количина
Специјален лепак на база на растварач направен за декупаж техниката. Можете да го користите како лепак кога пренесувате мотив од салвета на површината но и како лак за да му дадете свиленкаст сјај на декорираниот предмет. Лепак и лак во едно се погодни за следните површини: хартија, картон, дрво, полистирен, стакло, камен и сл. Лакот е водоотпорен откако ќе се исуши. Ја штити површината, ја зголемува отпорноста, трајноста и интензитетот на боите и дава рамномерен сјај по целата површина. Се суши релативно брзо- од неколку минути до неколку часови - во зависност од дебелината на нанесениот слој. Лакот остава убав свиленкаст сјај. Се нанесува со четка. Достапни пакувања: 30ml, 100ml i 250ml. Боцата треба да се протресе пред употреба.