Introduction » Сликарски штафелај » Сликарски штафелај - за надвор » Штафелај надворешен Amazon 230
Штафелајот Amazon е направен од квалитетно буково дрво, третиран со специјално масло за заштита. Овој штафелај од брендот ARTMIE е наменет за користење во надворешни услови. Компактен, лесен и многу стабилен. Има цврсти телескопски ногарки, кои што имаат гумени завршетоци за подобро потпирање на било која површина или било каков терен. Платната можат да се постават во хоризонтална или во вертикална положба. По употреба, штафелајот се собира едноставно, а со помош на текстилниот каиш ќе го држите склопен без никакви проблеми. Одличен е за професионалци, аматери и за студенти. Доколку не Ви се допаѓа сликањето во ателје и сакате да бидете креативни во природа - овој сликарски држач е наменет токму за Вас!