Introduction » Хоби » Decoupage - салветна техника » Салфети и хартија за декупаж » Оризова хартија A4 ITD - Јагоди
Оризова хартија A4 ITD – Јагоди
Екстра фина оризова хартија погодна за декупаж и други техники на декорирање. Нејзините шармантни мотиви ќе го потполнат секој ентериер и ќе ги задоволат и најголемите перфекционисти. Можете да ја користите за декорација на стакло, дрво, текстил, стиропор и сл. Мотивите се отпечатени со специјална техника на сито-штампа (silk-screen printing). Нека секој момент од Вашата работа Ви биде задоволство.
Упатство:
Во техниката декупаж оризовата хартија не се сече, туку како и кај салфетите вниамтелно се разделува. Полесно е да ја разделите отколку салфетите. Кога саканиот мотив сте го оделиле, ставете го на површината на декорираниот предмет, па преку него нанесете лепак за декупаж. Оризовата хартија се лепи полесно отколку салфетите, не создава набори и меурчиња од воздух. Кога лепакот ќе се исуши на површината останува само мотивот, додека хартијата станува транспарентна.