Општи услови на работење
SlikarskiPribor.mk - Општи услови на работење

 

Податоците кои ни ги доставувате преку SlikarskiPribor.mk, служат исклучиво за овозможување на поединечни услуги и нема да бидат проследени на трети лица или на било кој начин комерцијално експлоатирани.


Општите услови на работење се применуваат на работниот однос помеѓу купувачите и компанијата Сликоманиа д.о.о.е.л Струмица , дел од MY HOME s.r.o., Mierova 1842/1, 069 01 Snina, Словачка . Личноста одговорна за работењето е Горан Димитријевић ( dimitrijevic@myhomesro.sk ).

Возможно е да не контактирате преку e-mail info@slikarskipribor.mk или секој работен ден од 8:00 - 16:00.

 

Давателот (на услугите) се обврзува:


- да го испорача точниот вид и количина на роба за куповна цена и условите за плаќање настапуваат на сила на денот на испраќање на електронската нарачка,,
- да ја испрати робата по нормите, прописите и правилата по стандарди на ЕУ.

Купувачот се обврзува:

- нарачаните производи исправно да ја превземе, да ја провери целосноста на пакетот, во случај на пропусти веднаш да го извести превозникот (курирската служба) што порано,
- да ги плати производите по купопродажна цена во рок од 7 дена и целосно во склад со условите на плаќање кои важат на денот на испраќање на нарачката, во спротивно нарачката ќе биде откажана.

ОТКАЖУВАЊЕ НА НАРАЧКАТА: Начин на откажување на нарачката- преку телефон или e-mail во рок од 24h.

 

Попусти и акции

Не е возможно да се комбинираат повеќе акции или попусти во една нарачка.

Значи, акцијата или попустот не може да се користи од страна на еден купувач во повеќе нарачки за време на траење на акцијата.


Отстапки од договорот, и враќање на робата без наведена причина

Купувачот е овластен по Закон без да наведе причина да го прекине договорот во рок од 7 дена од денот на превземање на робата или од склучувањето на договорот за пружање услуга, доколку купувачот навремено и правилно ги достави потребните информации во склад со чланот од исти закон. За прекинот на договорот, купувачот мора да го информира купувачот писмено и тоа преку e-mail или писмо.

 

Враќање на производите до 15 дена

Во рок од 15 дена од доставата на производите истите е возможно да ги вратите без наведена причина.  Купувачот ги враќа производите на свој трошок, и плаќа поштарина. Доколку сакате потполен поврат на парите платени за производите, без поштарина, производите мора да бидат во оригиналното пакување, неоштетени, во идентична состојба како кога се купени. По приемот и проверката на вратената роба, ќе Ви ги вратиме парите на банковната сметка. Производите не смеат да бидат користени на никаков начин.

При враќање на производите во рок од 15 дена потребно е да пополните и да испратите со производите и Формулар за враќање на производите.

 

 

Плаќање и услови за достава

За секој нарачан производ можете да платите однапред (преку трансфер преку банка, уплата на сметка во банка, PayPal или некој друг начин) или при превземање. Рокот на достава на производите е за секој производ различен. При обединета набавка на производи од различни групи, рок на достава е рокот на достава на оној производ со најдолг временски период на достава.

Причини поради кои е можна ненавремена достава: непредвидливи ситуации, изгубена пратка од страна на курирот, лоши временски услови за транспорт, скриена грешка откриена при пакувањето оштетени производи при пакување или транспорт итн. Производите ќе бидат или заменети или по барање на купувачот ќе му бидат вратени парите.

 

Политика на рекламации

Во случај на достава на оштетен или погрешен производ, Ве молиме да не известите во рок од 7 дена од настанувањето на грешката. Контактирајте не преку e-mail, во кој ќе го напишете бројот на нарачка и описот на рекламација.

При враќање на производите потребно е да пополните и да испратите со производите и Формулар за враќање на производите. Во најкраток можен рок ќе Ве контактираме и Вашата рекламација ќе биде спроведена во законскиот рок.

Доколку купувачот не ги исполни сите горенаведени услови, продавачот не е обврзан да го почитува зададениот рок од 30 дена.

Рекламациите не се важечки во случај на неправилно ракување од страна на купувачот.

Правата на потрошувачот врзани за продавачот произлегуваат од -------

Личните податоци треба да се користат во согласност со -------- , статут користен единствено со цел на работењето помеѓу продавачот и купувачот, и нема да бидат проследени на трети лица (со исклучок на лицата кој го вршат транспортот на производите).

 

 

 

Сликоманиа д.о.о.е.л
Струмица

YzA2Nm