Цртеж со молив - совети за почетници и напредни
16.06.2023
Цртежот е еден од најосновните начини за вежбање на вашата креативност. Без разлика дали користите молив,...
Introduction » Подготовка за сликање » Акрилни медиуми » Мат медиум Liquitex 118 ml
Акрилниот медиум Liquitex на акрилните бои им додава мат изглед. Mат медиумот го намалува сјајот на акрилните бои, а воедно ја зголемува длабочината и транспарентноста. Го спречува оштетувањето на сликата со пукање, создавање на мали воздушни меурчиња или промена на нијансите. Се менува само конзистенцијата и течноста на акрилната боја - го подобрува ширењето и разлевањето. Aкрилните бои по мешањето со овој медиум се потрајни и подобро се -лепат“ на подлогата. Медиумот за акрил може да се мешансо било кои други акрилни медиуми. Исто така може да го употребите и како лепак за колаж, фиксатор или како слој за зајакнување на акрилните бои на платно.
Пред употреба не препорачуваме силно протресување на шишето, бидејќи по сушењето медиумот може да има поматен изглед. Мат медиумот доволно е да го налеете во чаша со акрилна боја, да го измешате со помош на шпатула и да почнете да ја нанесувате бојата на платно или друг материјал. Мешајте нежно, за да не создадете пена или меурчиња. Во случај да се создадат меурчиња, тогаш оставете ја бојата да -отседне“ за да се изгубат. Додавајте во акрилната боја од медиумот колку сакате, за да ја постигнете саканата густина и транспарентност. Колку повеќе медиум ќе додадете, толку акрилната боја ќе биде понежна и по транспарентна. Медиумот може да се разредува со вода највеќе до 25%. За подобар резултат препорачуваме да употребите дестилирана вода. Медиумот е полу-прегледен во течна состојба, а транспарентен кога потполно ќе се исуши.
Доколку мат медиумот го измешате со било каков сјаен медиум за акрилни бои, тогаш ќе добиете полусјајни бои, дури сатенски медиум. Таквиот медиум на акрилните бои ќе им додаде сатенски изглед. Во случај да го употребите како фиксатор, фиксатор за пастели, графити или креди препорачуваме медиумот да го измешате со дестилирана вода во размер од 1:1. Следно нанесувајте го со четка или сунѓер исто како во случај со лепак.
25.06.2023
Цртањето на човечката фигура е нешто што навистина може да ги мачи дури и професионалните сликари. Сепак,...
19.06.2023
Има нешто магично во истурањето боја. Тоа е како да правите некаква алхемиска напивка, па не е чудно...
18.06.2023
Свеќите се едноставна и непретенциозна декорација која може да го направи секој ентериер пријатен. Сепак,...
16.06.2023
Цртежот е еден од најосновните начини за вежбање на вашата креативност. Без разлика дали користите молив,...
Created by the system www.fast-webshop.com