Introduction » Подготовка за сликање » Маскирна течност [masking fluid] за акварели Daler-Rowney 75 ml
Art Masking Fluid од престижниот бренд Daler – Rowney се користи за покривање на површина која не сакате да ја обоите во текот на користењето на акварели. Создава филм кој брзо се суши и кој се раствара со вода а можете да го нанесете на хартија, платно или дрво. После нанесувањето се суши и станува проѕирна. Кога ќе завршите со сликањето можете да ја отстраните со гума, мека крпа или туфер. Водете грижа течноста да биде навистина сува за да не отстраните и слој од хартијата. За нанесување на течноста можете да користите стара четка, перо или вата бидејќи течноста кога ќе се исуши тешко се отстранува од четката. Маскираната течност можете да ја користите не само за покривање туку и за правење на различни структури- морска пена, снег и сл.