Цртеж со молив - совети за почетници и напредни
16.06.2023
Цртежот е еден од најосновните начини за вежбање на вашата креативност. Без разлика дали користите молив,...
Introduction » Хоби » Моделирање » Латекс Pebeo Gedeo 250 ml
Латекс Pebeo Gedeo на база на природен каучук овозможува моделирање на едноставни и сложени форми и модели, мали и големи релјефни површини или маски, накит и украси. Изработените форми се многу флексибилни и издржливи и може повторно да се употребуваат. Латексот за изработка на форми има густа и концентрирана конзистенција, која е идеална за работа со предмети со низок релјеф. Скалдирајте на 6 месеци без воздух.
Латексот Pebeo Gedeo можете едноставно да го нанесете со четка на спремниот предмет. Повеќето оваа постапка се употребува при творба на маски или форми со плиток релјеф. Потребно е да се нанесат неколку слоја во зависност од посакуваната дебелина на латексот (приближно околу 2 mm). Најчесто се нанесува во 5 слоја во временски интервал од 10 минути, во зависност од времето на сушење. За зајакнување на формата од латекс може да употребите газа или завој. Направената форма од латекс оставете ја да се суши 6 до 12 часа. По сушењето формата полека одлепувајте ја од предметот. Во спремната форма може да налеете гипс или кристална смола и оставете да се стегне. Потоа формата едноставно отстранете ја и можете понатаму да ја декорирате.
Формата или моделот може да ја изработите и со потопување во латексот Pebeo Gedeo. Најпрво разредете го латексот со вода во размер 50:50. Следно потопете го спремниот предмет во латексот на 2 минути. Потоа извадете го и оставете да искапе. Оваа постапка повторувајте ја се додека не ја постгнете саканата дебелина на лексот (приближно околу 1,5 mm). Изработената форма од латекс оставете ја да се суши 6 до 12 часа. По сушењето формата одлепете ја полека, така што ќе ја свртите наопаку. За побрзо и полесно одлепување на латексот препорачуваме да употребите пудра.
За создавање на калапи од смола или каучук препорачуваме да ја премачкате внатрешноста на формата со вазелин. Четките уште пред нанесување на латексот потопете ги некое време во детергент. Сушењето на нанесените слоеви на латексот можете да го забрзате со помош на фен.
25.06.2023
Цртањето на човечката фигура е нешто што навистина може да ги мачи дури и професионалните сликари. Сепак,...
19.06.2023
Има нешто магично во истурањето боја. Тоа е како да правите некаква алхемиска напивка, па не е чудно...
18.06.2023
Свеќите се едноставна и непретенциозна декорација која може да го направи секој ентериер пријатен. Сепак,...
16.06.2023
Цртежот е еден од најосновните начини за вежбање на вашата креативност. Без разлика дали користите молив,...
Created by the system www.fast-webshop.com