Со користење на нашата страница ги прифаќаш СИТЕ колачиња да се превземаат од страна на твојот пребарувач и уред.

Menu

 
Reels Image

За нас

Запознајте нè - ARTMIE®

Почетна идеја и основање

Компанијата Artmie Ltd е основана во Словачка во 2008 година како мала компанија, буквално во гаражата на куќата. Во тоа време на уметниците им нудеше само сликарски платна, со врвен и хоби квалитет. Компанијата е основана под името My Home Ltd, а покрај онлајн продажбата на сликарски прибор, се занимаваше и со онлајн продажба и сликање на слики и украси за ѕид. Работата со бои и платна ни помогна многу да се запознаеме со квалитетот, што ни овозможи да препознаеме што му треба на пазарот.

Уште од самиот почеток препознавме дека покрај сликарите, со сликарството и креативното творештво се занимаваат и многу аматери и ентузијасти, па нашата понуда ја приспособуваме до ден денес. По платното, асортиманот го проширивме прво на бои, потоа на штафелаи и други додатоци за сликање, така што во 2009 година станавме сериозна е-продавница на словачкиот пазар.

Експанзија на странски пазари

По три години брз раст, го проширивме нашиот бизнис во Чешка и на тој начин станавме лидер на пазарот во онлајн продажба на сликарски прибор во овие две земји. Поминаа години, а ние напорно работевме и учевме многу. Од 2014 година, ги проширивме нашите продавници во Унгарија, Хрватска, Србија, Словенија и Романија. Со голем број нови потрошувачи, следеше време на силен раст, но и учење од нашите грешки. Имаше се повеќе клиенти, од различни региони, а нашето искуство во онлајн продажбата на сликарски прибор растеше.

Веќе следната, 2015 година, започнавме со работа во Бугарија, Грција, Македонија и Босна. Нови пазари, нови предизвици, се обидовме да ги исполниме очекувањата и во голема мера успеавме. Не беше лесно, бидејќи поплаките на потрошувачите се менуваа, стандардите се зголемуваа и немаше премногу простор за грешки.

Во 2016 година амбициозно започна продажбата во Италија и Австрија, со што се обидовме и успеавме да стекнеме искуство работејќи на големи и развиени пазари, каде важат сосема различни деловни стандарди. Учевме од развиените пазари, а тие деловни практики ги применивме на сите наши пазари без разлика на државата.

Навреме ги препознавме потребите на брзорастечки балканскиот пазар, и во 2018 година отворивме регионален магацин во Бугарија, што значително ја забрза испораката во околните држави. Станавме побрзи, поблиски до клиентите од целиот Балкан.

По силната реакција на пазарот на нашата подобра услуга, отворивме Маркетинг канцеларија во Скопје во 2019 година каде што составивме тим за сите наши јужни пазари. Во канцеларијата се вработени десетина членови на тимот, кои се големи ентузијасти за онлајн продажба, како и за уметност.

Артмие денес

Иако од 2014 година, со почетокот на проширувањето на компанијата на странските пазари, започнавме со различни имиња на е-продавниците, дојде време името на компанијата на сите пазари да се брендира во едно. Од 2020 година, самата компанија го промени своето име во ARTMIE® и полека почнавме со ребрендирање на е-продавниците, процес кој сè уште трпеливо е во тек и сега је на самиот крај.

Горди сме на над 1.000.000 задоволни потрошувачи низ Европа за овие 15 години бизнис. Горди сме и на преку 500.000 клиенти во последните 3 години. Денес, Артмие е меѓународно познат бренд за онлајн продажба на сликарски прибор, во 12 европски земји.

Во можност сме да ја понудиме најголемата понуда на сликарски прибор на секој од маркетите. Ние не ги делиме маркетите на кој било начин, но во сите земји се трудиме да обезбедиме најдобра можна услуга, најширок можен асортиман и еднакви, многу конкурентни цени. Моментално во нашата понуда имаме преку 15.000 различни производи, што не прави убедливо најголем играч на секој од маркетите каде што работиме, кога е во прашање асортиманот.

Инструкции како да нацртате фигура

25.06.2023

Цртањето на човечката фигура е нешто што навистина може да ги мачи дури и професионалните сликари. Сепак,...

Вашиот водич за техниката Pouring art

19.06.2023

Има нешто магично во истурањето боја. Тоа е како да правите некаква алхемиска напивка, па не е чудно...

Направете сами - украсни свеќи со растенија

18.06.2023

Свеќите се едноставна и непретенциозна декорација која може да го направи секој ентериер пријатен. Сепак,...

Цртеж со молив - совети за почетници и напредни

16.06.2023

Цртежот е еден од најосновните начини за вежбање на вашата креативност. Без разлика дали користите молив,...


Created by the system www.fast-webshop.com

ODk5N
Популарни производи
Во износ: 0
Сите во кошот
Почестете се со креативно изненадување
{IMAGE}
{NAME}
На залиха Број: {NUMBER} Цената: {PRICE} мкд
-
1
+
Додај во кошница
{SECOND_IMAGE}
{SECOND_NAME}
На залиха Број: {SECOND_NUMBER} Цената: {SECOND_PRICE} мкд
-
1
+
Додај во кошница